Радоје Звицер и Слободан Кашчелан, водачите на озогласениот Кавачки клан поседувале босански и косовски пасош, пишуваат српските медиуми.

Тие до патните исправи исправи дошле на речиси идентичен начи на како што македонското МВР им даваше пасоши на балканските криминалци. Тоа се прави преку ликои кои никогаш не извадиле пасоши и го земаат нивниот вистински идентитет.

Кашчелан во 2018 е уапсен во Прага и кај него се најдени два пасоши, косовски и француски. Францскиот бил лажен но косовски бил легален  и на име Слободен Периќ.

Звицер пак поседува босански пасош на име Јосип Бабиќ, државјанин на Босна кој живее во Германија и кој никогаш не вадел докуенти на БИХ.

На сличен начин македонски документи добија Јовица Вукотиќ од Шкаљарскиот клан и Стефан Ѓукиќ атентаторот на Кавачкиот клан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.