Водачите на Кавачкиот клан Слободан Кашчелан и Радоје Звицер се сомничат за уште едно грозоморно убиство. Тие се под истрага дека го убиле Никола Станишиќ од Подгорица.Тој е син на Радослав Станишиќ попознат како Рака Дилингер кој беше добар пријател на Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Рака своевремено му помогнал на Аркан да побегне од еден шведски затвор. Тој беше изрешетан во 1997 година пред еден хотел во Будва а сторителите никогаш не беа пронајдени.

Сега лидерите на Кавачкиот клан се сомничат дека Никола го потопиле во киселина и оти зверски го мачеле.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.