Во канал длабок три метри, на патот Кикинда – Руско Село во Србија, доцна вечерта беше пронајдено изгорено патничко возило „пежо 206“ и јагленосано тело на маж. Иако српската полиција сè уште официјално не го открила идентитетот на загинатио маж, српските медиуми пренесуваат дека станува збор за локалниот музичар Петар Танасцков (49), кој пред пандемијата секоја среда со градските музичари настапувал во познат локал во Кикинда.

За жал, загина нашиот другар, музичар, свиреше на гитара, тапани, прекрасно пееше. Се дружевме секоја среда на жива свирка. Во животот доживеа голема трагедија кога пред пет години од тешка болест почина неговиот најстар син. Потоа го стигна и втората тешка несреќа кога помладиот син му доживеа тешка сообраќајна несреќа од која уште сè нема опоравено. Тешко му беше тоа да го поднеси, па денес ни стигна веста и за оваа трагедија во семејството. Ужасно, раскажува негов колега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.