Црногорската национална СОС-линија за жртви на семејно насилство од јануари до август годинава примила 2.110 повици, што е за десет проценти повеќе отколку во истиот период во 2019 година, пишува „Вијести“.

Извршната координаторка на СОС-телефонот за жени и деца жртви на насилство во Никшиќ, Наташа Меџедовиќ Пистало, изјави дека од 1 март до крајот на септември, невладината организација примила 2.012 повици за помош и поддршка, што е за 18 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година, кога имало 1.662 повици.

– Најчести жртви се жени, околу 90 проценти, деца околу седум проценти и мажи до три проценти. Најчести сторители на насилство се мажите, околу 98 проценти. Во првите недели од епидемијата, најдрастичен скок беше бројот на повици, до 30 проценти. Во исто време, сигурни сме дека огромен број жени не се обратија кај никого за помош. Тоа е она што е проблематично, изјави Меџедовиќ Пистало за „Вијести“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.