Вчера изутрина на автопатот Ниш-Белград загина Александар Пешиќ(42), неговата мајка Станица(75) и осумгодишните близнаци, кои Александар и неговата поранешна сопруга со години се бореле да ги добијат.

Александар, мајка му и неговите синови загинаа кога требало да свртат за Пожаревац, кога на нивниот цитроен налетал Фолксваген шаран, зад чиј волан бил финскиот државјанин Адем Смаил(49), наводно Албанец од Косово.

Инаку несреќата првобитно ја преживеал еден од близнаците, кој за жал, починал денеска  во болница.

Настраданиот Александар бил многу врзан за близнаците кој неговата сопруга и тој ги добиле после повеќегодишна грчевита борба за потомство. На Александар претходно му починал и братот, а живеел со мајката и таткото, кој наводно боледува од Паркинсонова болест.

Александар, не насетувајќи дека оди на пат без враќање, со синовите близнаци и мајка му тргнал на Сребено езеро, каде требало да поминат неколку дена на одмор. Синовите на Александар живееле кај својата мајка, од која Александар се развел пред неколку години, а летниот распуст требало да го поминат кај татко им.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.