Деветнаесетгодишната Ива М. од местото Кочан загинала во саботата откако паднала од кровот на зградата во Ниш додека снимала видео клип за социјалните мрежи со двајца другари.

Тие се наоѓале на врвот на петкатница, а до трагедијата дошло во отј момент кога Ива, снимајќи со телефонот кадри за видеото, движекќи се наназад, дошла до работ на крвот на зградата, изгубила рамнотежа и пандала од околу 15 метри висина на бетон. Несреќната девојка починала на лице место а лекарите од Итната помош можеле само да констатираат смрт.

Имаме стан во Нош, во кој живееше Ива, така да незнам кога излегла во град. Ги знам тие момчиња со кои се дружеше повеќе од две години, се познаваа од градот. Другар ми синоќа ме повика и ми кажа што се случило. Јас веднаш тргнав кон Ниш и понатаму не сум се слушнал со нив. Ива беше четврта година средно и планираше да се запише на Филозофскиот факултет-рекол Филип (25) , родениот брат на настраданата девојка.

Тој не можел да прецизира кога ќе биде погребот на неговата сестра бидејќи телото е на обдукција.

Соседите на девојката во шок, во солзи вчера оделе кај семејството да им изразат сочуство.

Страшно е . Сите сме шокирани. Ние сме соседи, но сме како семејство. Не знаеме што се случило, се што слушнавме беше од медиумите. Мајката на девојката е во шок. Не може да зборува. Нејзиниот татко во секој момент треба да дојде од Швајцарија – рекла една сосетка.

Од обвинителството во Ниш велат дека според досега собраните извештаи и податоци нема никакви сомнителни околности и дека се работи за несреќен случај.

Девојката движејќи се назад паднала од кровот додека снимала видео запис. По направениот увид и според собраните податоци, засега нема никакви сомнителни околности. По налог на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.