Нови Сад утрово го потресе стравично злосторство. Тројца членови на семејството Пајиќ, мајка, татко и ќерка, биле пронајдени мртви во нивниот стан. Без знаци на живот полицијата ги пронашла Бранислав (57), неговата сопруга Нада (57) и нивната ќерка Мирјана Јанковиќ (32).

Сите тројца имаат повреди на главата, пишува српски „Блиц“.

За бруталното тројно убиство осомничен е сопругот на убиената Мирјана, Г.Ј. (36), кој според српските медиуми е во бегство, а полицијата интензивно го бара. Него Мирјана пред само две седмици го пријавила за семејно насилство и тогаш му е изречена забрана за приоѓање на соругата. Тој бил љубоморен и ја обвинувал дека има љубовник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.