По меѓународната соработка на албанскиот државен врв со властите од Либан и други земји, во Албанија се вратија четири деца и една жена од сириските кампови.

Флореша Раша, која стигна на аеродромот во Ринас во инвалидска количка, својот венчан сопруг од Албанија го загуби на боиштата во Сирија. Според законите на шеријатот таа станала сопруга на терористот, Лавдрим Мухаџери, познат како лидер на албанските борци во Сирија во редовите на ИСИС.

Флореша во авионот кој леташе од Бејрут кон Тирана на новинарот на „Топ Чанел“, му раскажала дека неколку години живеела како жена во Исламската држава и дека скоро една година живеела во исчекување да се врати дома.

Таа вели дека нејзините деца се добро.

Во Сирија, Флореша преживеала оружен напад. Била погодена од огнено оружје во момент кога се молела. Од тогаш, повеќе од една година била во болница заради прострената рана. Во меѓувреме добила вест дека и нејзината ќерка е убиена.

Флореша вели дека постојано живееле во страв.

Се плашевме дека кога сакаат можат да не стават во затвор, ќе нè тепаат и ќе прават што сакаат со нас.

Како што вели, по падот на Исламската Држава во Сирија, Курдите затвориле еден од нејзините синови.

Мојот син беше однесен и задржан во затвор четири месеци. Не само мојот син, туку и сите момчиња постари од 12 години. Сега го ослободија сега – разкажува Флореша.

Флореша Раша вели дека нејзиниот прв сопруг, Дијамат, прв заминал во Сирија. Таа не знае зошто и како стасал таму, но по шест месеци откако пристигнал се договориле таа со децата да оди таму на посета. Според нивниот план таа требало да остане таму само три месеци.

Отидов да се сретнам со сопругот, да останам три месеци и да се вратам, но враќањето беше невозможно – рече Флореша.

Таа вели дека по се што преживелаа нема коментар дали жали што воопшто го послушала сопругот и отишла во Сирија.

Не знам, не знам што да кажам – вели таа.

Како што раскажува, постојано била исплашена. Таа била домаќинка, а дури и во моментот кога била застрелана во нејзиниот дом немала никаква комуникација со нејзиното семејство во Албанија.

Беше невозможно. Нема телефон, нема ништо. Ми недостасуваа татко ми, мајка ми, сестрата, братот. Целото мое семејство – вели Флореша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.