Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на територијата на Бугарија.

Земјотресот се случил во близина на границата со Македонија, соопшти бугарскиот сеизмолошки центар. Земјотресот е почувствуван во 23:25 часот.

Епицентарот е на 10 километри источно од Делчево, односно 90 километри југозападно од Софија, со длабочина од 10 километри. Нема податоци за материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.