Дводневниот самит на Движењето на неврзаните заврши денеска во Белград со конференција на министрите за надворешни работи на Србија и Азербејџан, двете земји кои беа домаќини на собирот. Шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ рече дека бројот на присутните на одбележување на 60 годишнината од првата конференција на движењето по покажува почитувањето кое го ужива.

На самитот во Белград кој се одржа на 11 и 12 октомври учествуваа делегации од повеќе од 105 земји и девет меѓународни организации. Движењето на неврзаните е најголемата група држави по Обединетите нации и е основано во средината на 20 век во екот на Студената војна – како противтежа на спротивставените блокови предводени од тогашниот Советски Сојуз (СССР) и Соединетите држави. Додека светските претставници од собирот повикуваат на мултилатерализам – односно укинување на поделбата на светот на два блока, Русија, наследникот на Советскиот Сојуз, во јули годинава доби статус на држава набљудувач во Движењето на неврзаните.

Претседателот на собранието на Србија Ивица Дачиќ ги отфрли критиките дека Белград го злоупотребил самитот на неврзаните во корист на Русија, наведувајќи дека тие немаат реална основа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.