Специјалното државно обвинителство се сомнева дека затворски чувар во затворот во Спуж планирал ликвидација на водачот на Шкаљарскиот клан Јован Вукотиќ.

Затворскиот чувар Владан Л., кој е уапсен под сомнение дека помагал во подготовката на ликвидацијата поседувал шифриран телефон на кој го користел псевдонимот „Калуѓер“.

Кавачкиот клан планирал да го убие Вукотиќ додека бил во Спуж во 2020 година, навело и Специјалното државно обвинителство (СДТ) во досиејата каде што откриле дека „Кавачаните ја набљудувале целта скриена во грмушките во одводниот канал, чекајќи да се појави на прозорецот од ќелијата, за да го застрела со пушка со оптички нишан.

Звицер и Милан Вујотиќ се осомничени за кривично дело тешко убиство со поттикнување. Тие се осомничени и дека ја формирале оваа група со помош на затворски чувар



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.