Единствената канонска црква во Црна Гора е Митрополијата црногорско-приморска на Српската православна црква и ние никогаш нема да ја признаеме таканаречената Црногорска православна црква, изјави вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Во интервју за српски Курир, Вартоломеј рече дека по барање на митрополитот Амфилохије, тој напишал писмо до црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, во кое му порачува да не презема понатамошни чекори кон усвојување и спроведувањето на законот за верски заедници.

– Тој закон не е праведен. Што се однесува до Вселенската патријаршија, единствената канонска црква во Црна Гора е Митрополијата црногорско-приморска на Српската православна црква и единствениот канонски архиепископ во Црна Гора е митрополитот Амфилохије, рече вселенскиот патријарх

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.