Автобусот е во таква состојба што не може да се утврдат податоци од техничкиот уред кој го снима движењето на автобусот, тахографот. Се изгорело, вели за Бугарското национално радио директорот на Автомобилска администрација во Бугарија Бојко Рановски.

Тој посочи дека од граничниот премин Капитан Андреево до местото на несреќата не се регистрирани прекршувања на сообраќајните правила од страна на воззачот на овој автобус.

Според податоците од камерите од граничните пунктови и од Агенцијата за патишта, истражните органи можат да извлечат информации кои се неопходни за утврдување на причините за сообраќајната несреќа“, изјави Рановски.

Претседателот на Сојузот на бугарските возачи Емил Панчев вели дека годинава во Бугарија во сообраќајни несреќи загинале околу 500 лица.

Зборувајќи за вчерашната несреќа, тој претпоставува дека причината поради која луѓето не можеле да излезат од автобусот е тоа што заштитната ограда – мантинелата се заглавила во вратата и ја блокирала.

Седумте луѓе кои успеале да излезат низ прозорците, само тие преживеале, рече Панчев.

За делот од магистралата Струма, каде вчера се случи ужасната трагедија, немало пријави за инциденти. Ова за БТВ го соопшти Иван Табаков од Државната агенција за безбедност на патиштата.

Агенцијата е формирана во 2019 година. Табаков појасни дека по 2019 година има четири сообраќајни несреќи, кои се блиску до местото на вчерашниот трагичен инцидент. Сепак, според него, нема потреба од меѓународна ревизија на автопатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.