На своето работно место во Медицинскиот Институт во Тузла, Алмир Ципурковиќ заедно со уште девет негови колеги, како и неговата сопруга се заразил од корона вирусот.

Разочаран од коментарите на јавноста откако и лекарите сами се заразиле како и пациентите, одлучи јавно да ја сподели ситуацијата за својата фамилија.

Јас сум медицинар кој чесно си ја работеше својата работа. И сопругата и јас сме заразени. За среќа млади сме и здрави, немаме тешки симптоми“ вели Алмир за „Блиц“.

Тој притоа додава дека тој и сопругата се разделени, се наоѓаат во две различни болници и дека своите деца ги немаат видено 15 дена.

Семејството го гледам преку видео линк. Ве молам да сфатите дека ние ја немаме измислено заразата. Ми пречат коментарите на Фејсбук и односот кон нас како да ние сме го измислиле корона вирусот, како сè да почна од нас, како да сме сакале самите да се заразиме, па и други да заразиме. Ние само си ја работевме нашата работа.

Откако поради лична безбедност со полициски возила тој и колегите биле транспортирани во болница на лечење, тој постави статус на Фејсбук во кој ја фали својата сопруга, праќа поддршка до колегите и притоа со уште еден апел до јавноста да ги поддржи луѓето кои се наоѓаат на браникот на борбата против вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.