Шеесет годишен пациент заразен со Ковид-19 си го одземал животот фрлајќи се од третиот кат на болницата „Шефќет Ндроќи“ во Тирана, каде бил хоспитализиран.

– Трагичниот настан се случил триесет минути по полноќ, кога пациентот Л.С. жител на градот Решен, си го одземал животот со фрлање од третиот кат на Ковид 2 болницата, каде бил хоспиталзиран пред десет дена. Истрагата продолжува со цел расветлување на околностите, се наведува во полциското соопштение.

Првичните сознанија од истрагата покажуваат дека самоубиството пацентот го извршил поради влошена психичка состојба поради болеста.

Ова е петти ваков случај од средината на август. Претходно тројца пациенти заразени од Ковид-19, на возраст од 29, 65 и 52 години се самоубија со фрлање од балконите на „Шефќет Ндроќи“, додека еден на 69-годишна возраст од балкон на Инфективната клиника.

По обвинувања за недоволната грижа поради пренатрупаните болници, од страна на роднини на починатите и опозицијата, премиерот Еди Рама, неодамна рече дека „вакви работи се случуваат во многу други држави во Европа“, додавајќи дека во Италија од март до август се самоубиле 71 пациент заразен со коронавирус.

Болницата „Шефќет Ндроќи“ е една од трите ковид болници заедно со Инфективната клиника, која е болница Ковид 1 и третата ковид болница која функционира во просториите на поранешното хирушко одделение во унивезитетската клиника „Мајка Тереза“.

Претседателот Илир Мета побара од Министерството за здравство и социјална заштита, поради влошената епидемиолошка состојба и потребата од болнички капацитети, итно отворање на четврта ковид болница, како и ковид центри во 12-те регионални болници

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.