Во голема полициска операција, во која биле вклучени и специјалната единица „Ренеа“ и единицата за брза интервенција, албанската полиција запленила арсенал оружје, муниција дури и оклопни возила.

Финализирана е акцијата „Комплекс“ во која откриени и погодени се 18 криминални бази што биле користени за модификација, складирање и продавање на борбено оружје и муниција. Запленет е арсенал од разни видови оружје, снајпери последно производство, анти-тенковски гранати, калашникови, пиштоли, придушувачи, полициски и армиски радија, термичка оптика за снајперисти, разни делови за модификација на оружје и голема количини на муниција, 7 возила, од кои 2 оклопни – рече директорот на полицијата во Тирана, Ребани Јаупи.

Тој додаде дека акцијата, која била спроведена во повеќе делови на земјата, уапсени се три лица додека по едно ќе биде распишана потерница, бидејќи според информациите пред една недела ја напуштил Албанија.

Овие, заедно со уште две други претходно уапсени лица, се осомничени дека се извршители на повеќе обиди за убиства со поставување експлозив со далечинско управување на возила, како и експлозив на објекти.

Кај еден од уапсените пронајдени се и маси за рулет, нови машини за игра на среќа, додека кај друг средства и материјал за изработка на придушувачи.

Државната полиција е одлучна во напорите да создаде што побезбедна средина со спречување и сериозен удар врз сите оние кои се обидуваат да извршат криминални активности од областа напади врз граѓани и имот, од областа на наркотици или илегална трговија со луѓе, и во овој контекст ги повикува граѓаните да ја продолжиме одличната соработка осудувајќи го секој случај на незаконитост во полициските станици или на бесплатниот број 112 – соопшти Јаупи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.