22 килограми опојна дрога спид се пронајдени кај едно лице во оперативната акција „Кафе“, споведена од членовите на Државната агенција за истраги и заштита на БиХ (СИПА).

Портпаролот на СИПА, Лука Миладиновиќ изјави дека е извршен претрес на подрачјето на Ново Сараево, каде биле пронајдени и одземени 22 килограми спид.

Осомниченото лице е приведено во просториите на СИПА, по што во законски рок ќе биде предадено во натамошна надлежност на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.