Во меѓународна полициска акција координирана од Европол, разбиена е балканска група на трговци со кокаин и почната e истрага против повеќе од 61 осомничени членови на таа криминална организација.

Во заедничка акција на припадници на полицијата од Шпанија, Хрватска, Србија, Германија, Словенија, БиХ, САД и Колумбија, спроведена истовремено на повеќе локации во Европа, уапсени се припадници на оваа криминална организација, претежно државјани на Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија, се наведува во соопштението на Европол.

За време на полициската акција, запленети се 2,6 тони кокаин, 324 килограми марихуана, девет луксузни автомобили и пет мотоцикли, како и 612 илјади евра во готово.

Додека криминалците се движеле на релација помеѓу Шпанија и Јужна Америка, а со цел да бидат откријат деталите за акцијата за шверц на кокаин со вкупна тежина од над 1,25 тони, биле применети специјални полициски мерки за надзор.

Истрагата била забрзана во март годинава кога шефовите на овој криминален картел отпатувале во Шпанија за да се подготват за пристигнувањето на пратката кокаин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.