Скриен во пакувања урми, спакувани во кутии, грчката полиција во товарен брод на атинското пристаниште Пиреа, откри и заплени над еден тон преработен канабис.

Товарниот брод што бил регистриран дека пренесува „прехранбени производи“ на 21 декември 2019 тргнал од Бејрут, крајната дестинација бил градот Мисурата во Либија, а Пиреа било транзитно пристаниште.

Како што соопштија од грчката полиција, во бродот биле откриени 2.279 картонски кутии со прехранбени производи, а во нив во смеса од урми биле скриени 6.304 пакувања со преработен канабис со вкупна тежина од еден тон и 257 килограми и 535 грама.

Канабисот бил откриен во акција во која учествувал Секторот за борба со дрога на грчката полиција, Дирекцијата за борба со економски криминал од Министерството за финансии на Грција, а во соработка со канцеларијата на американската служба за борба со дрога во рамките на амбасадата на САД во Атина и Дубаи и надлежните власти од Саудиска Арабија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.