Европската комисија ја презентира денеска својата работна програма за 2021 пред Европскиот Парламент, во делот на надворешната политика западниот Балкан останува на врвот на приоритетите, јави дописничката на МИА од Брисел.

ЕК секоја година ја најавува својата работна програма која ги содржи приоритетите на нејзиното работење во текот на претстојната година.

-Оваа Комисија стапи на функција со мандат да обезбеди посилна Европа во светот. Нашата геополитичка Комисија се бори да ги унапреди стратешките интереси и цели на ЕУ во странство и да брани меѓународен поредок заснован на правила и вредности во растечки поларизиран свет, стои во работната програма на Европската Комисија, што денес ја презентира потпретседателот Марош Шефчович пред европратениците.

За да обезбеди улога на стабилизатор во меѓународните односи, Европската Комисија смета дека ЕУ ќе треба, меѓу другото, да биде ефикасна во обезбедување сигурна, брза и ефикасна вакцина против Ковид-19 штом таа биде достапна, како и да го зајакне мултилатералниот глобален систем на владеење.

-Ќе продолжиме да им даваме целосен приоритет на нашето источно и јужно соседство, западниот Балкан и Африка, пишува во програмата на ЕК.

За оваа цел, потсетува Комисијата, одвоени се потребни средства преку инструментите за надворешна политика.

Комисијата исто така бара реформи во Светската здравствена организација и Светската трговска организација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.