Медиумите во регионот пишуваат дека неколку западни земји вршат притисок да згасне регионалната иницијатива „Отворен Балкан“.
Оваа иницијатива која првично се нарекуваше „Мини Шенген“ има за цел да ги зближи народите и државите и економски и политички.
Основачи на овој проект се Србија, Србија и Албанија“ и премиерите Зоран Заев, Еди Рама и претседателот Александар Вучиќ досега се среќаваа на неколку месеци во Скопје или Белград а последната средба беше во Тирана пред Нова Година.
Оттогаш нема најави за нова средба и тоа се совпаѓа со притискот кој се прави оваа иницијатива да згасне.
Според српските медиуми најголем противник на Отворен Балкан е Велика Британија.Намерата е наместо Србија, нов лидер и предводник на регионот да биде Бугарија иако оваа земја нема ни економски ни политички капацитет за такво нешто.
За разлика од ЕУ и Велика Британија, Отворениот Балкан ја има поддршката од САД но тие бараат во него да влезат и Косово и Црна Гора а тие засега одбиваат.
Српскиот весник „Блиц“ уште пишува дека најголемиот притисок да излезе од оваа иницијатива се прави врз Македонија и дека премиерот Ковачевски е најслабата карика кога ќе се спореди со Рама и Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.