Премиерот на Албанија, Еди рама, соопшти дека по видно влошената епидемиолошка состојба со Ковид-19 во земјата, утре Комитетот на експерти за справување со пандемијата ќе донесена одлука за заострување на рестриктивните мерки.

Рама додаде дека ваквата одлука доаѓа по повеќедневните разговори и направени анализи кои потврдиле дека од почетокот на месецов во просек дневно се регисрираат по над 1.050 новозаразени.

Комитет се состанува утре. Ги слушнавме, тие се загрижени. Ќе има заострување на мерките. Тие инсистираат на тоа дека треба да се спроведат мерките како што е зголемување на казната за неносење заштитна маска и поголема ангажираност на полицијата, како и продолжување полициски час. Може да додадеме и други мерки – изјави Рама.

Рама не даде детали, но медиумите пренесуваат дека полицискиот час кој од 11 ноември трае од 22:00 до 6:00 часот ќе биде зголемен за четири часа односно ќе почнува во 18:00 часот.

Повеќе од бројките, позагрижувачка појава е неспроведувањето на тековните мерки што доведуваат до други проблеми.Мерките не можат целосно да спречат инфекции, но го намалуваат нивното темпо со тоа што системот ќе одговори на потребата на луѓето да добијат здравствена заштита – додаде Рама.

Тој исто така информраше дека се обезбедени 1,6 милиони дози вакцини за 800 илјади граѓани преку Ковакс од Фајзер и оти се во преговори и со други компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.