Страшни снимки од врсничко насилство во двор во училиште во Барајево, на кое јасно се гледа и слуша како девојчиња се изживуваат над своја врсничка, удирајќи и шамари, веќе со денови кружат на социјалните мрежи.
Учесниците во ова видео со врсничко насилство се прва година средно одделение во училиште во Барајево, Србија. Во него се гледаат две ученички кои напаѓаат трета, а на сето тоа се смеат сите соученици.

На овие страшни сцени од врсничко насилство кои ја покажуваат девијацијата во општеството посочуваат и познатите

Надлежните веќе работат на расчистување на случајот, сооптштија српските медиуми. Во истрагата на Министерството за образование е вклучена и Единицата за борба против врсничко насилство, како и Секторот на средни школи.

Директорот на училиштето вели дека против двете ученички е покрената дисциплинкса постапка, а во случајот е вмешана и полицијата, имајќи предвид дека едната ученичка има 15, а другата 14 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.