Вооружено лице држи три лица како заложници во автобус на југот на Германија, пишуваат германските медиуми.

Автобус на српскиот превозник „Ласта“ кој сообраќал на линијата Дортмунд-Белград бил нападнат од воодружен напаѓач.

„Билд“ пренесува дека околу 21 часот се слушнале три детонации и оти полициските сили заедно со хеликоптери се на терен.

Германската полиција објави дека автопатот меѓу Хилполштајн и Грединг бил затворен во двата правци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.