Голем шумски пожар избувна претпладнево во јужниот дел на грчкиот остров Закинтос, а противпожарната служба на Грција и шест часа подоцна, се уште не може да го стави под контрола, jави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, се евакуираат две села, жителите со автобуси се пренесуваат на безбедни локации, а локалните медиуми од островот објавија дека евакуиран е и хотел во кој биле сместени 120 туристи.

Силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето во кое учествуваат 37 пожарникари со 15 возила, една пешадиска единица, седум авиони и два хеликоптери, а помагаат и цистерни од општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.