Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева се оградува од говорот на Ангел Џамбаски ама истовремено ги повикува властите во Скопје да се оградат од како што вели, „скандалозните тврдења” на словенечкиот институт ИФИМЕС кој Бугарија и Германија ги нарекувал мафијашки држави, мислејќи на нацизмот.

(фото: принтскрин Зум)

Бугарија нема територијални претензии кон други држави и тоа е многу пати досега кажано“, вели Захариева.

таа потсетува дека видеото од бугарскиот политичар следува по тридневниот молк од властите во Скопје да се оградат од „клеветничките“ публикации на словенечката невладина организација ИФИМЕС.

„Владата во Скопје не само што не ги осуди тие публикации, туку го нарече ‘реномиран‘ институтот кој што со лаги напаѓа две земји членки на Европската Унија, Бугарија и Германија. Забележуваме и целосен информативен мрак во Република Македонија во однос на бугарскиот демарш за пишувањата на ИФИМЕС“, додава Захариева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.