Бугарија не била виновна за европската блокада кон Македонија, туку за тоа се виновни македонските власти поради недостаток на реформи, вели доскорешната министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Захариева сега вели дека Европа и Бугарија ќе го надгледуваат пописот во Македонија, бидејќи властите во Скопје сакале да го намалат бројот на бугарите во земјата.

Пред четири години виновна им беше Грција, две години подоцна виновни им беа други две држави, Холандија и Франција, сега виновна е Бугарија. Скопје не треба да бара надворешни причини за недостатокот на реформи во државата. Ние немаме претензии за тоа како тие себеси ќе се наречат. Проблемот со правото на самоопределување не е наш туку е нивен. Тие имаат проблеми со луѓето кои живеат таму и се чувствуваат и Македонци и Бугари. – изјави Захариева.

Бујар за надворешни работи Бујар Османи пак денеска на видео-средбата со шефот на чешката дипломатија Јакуб Кулханек порача дека се надева на континуитет на дијалогот и со новата Влада во Софија.

Остануваме посветени на реформската агенда, со посебен фокус на европските приоритети. Продолжуваме и со активностите за унапредување на добрососедските односи, секако со фокус на Бугарија, преку имплементација на акцискиот план за интензивирање на секторската соработка, и отстранување на разликите кои создаваат политичка недоверба. – изјави Бујар Османи.

Чешкиот министер Кулханек се согласил дека е потребно што поскоро усвојување на преговарачката рамка за земјава и формален почеток на преговорите со ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.