Поради доаѓањето на еврокомесарите, предводени од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, мерките за безбедност во Загреб од утринава се подигнати на максимално високо ниво.

За безбедноста на челниците на ЕУ ќе се грижат голем број хрватски полицајци од редовните и посебните единици. Полицијата изминативе денови ги завари и шахтите на патиштата каде ќе поминуваат конвоите со високите гости, јави дописникот на МИА.

Целта на посетата е да се одбележи официјалното започнување на хрватското претседателство со Европската Унија. Претседателката на Европската комисија и другите 27 еврокомесари ќе бидар сместени во три хотели, односно Вестин, Хилтон и Шератон.

За своето претседателството со ЕУ, официјален Загреб веќе ангажираше специјално обучени и опремени полицајци кои во наредните шест месеци ќе се грижат за безбедноста, првенствено на објектот каде ќе биде сместено самото претседателството

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.