Двајца туристи загинале од лавина во Банско, објавија бугарските медиуми. Според првичните информации инцидентот се случил околу 12 часот. Лавината била предизвикана од сноубордисти, кои се движеле над ски – патеката. Телата на двајцата загинати се пронајдени од планинарските спасувачи, а неофицијално се работи за грчки туристи. Според првичните информации загинатите се сноубордери.

Некои бугарски медиуми објавија дека уштр две лица се водат за исчезнати. По нив се уште се трага.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.