Автомобилот во кој на лице место загинаа двајца млади мажи, а тешко е повредена една жена, е целосно смачкан по судирот со автобус. Фотографиите од местото на несреќата сведочат за трагедијата што се случи рано утрово кај Травник, на Ибарската магистрала во Србија.

(фото: РАС Србија)

Како што дознаваат српските медиуми, до несреќата дошло кога автомобилот „голф“ со црногорски регистерски таблички претркувал два камиона, по што се забил во автобус кој возел на спротивната лента.

(фото: РАС Србија)

Животот на лице место го загубиле братучедите Селмин Х.(28) и Ердан Х.(18), а мајката на Селмин, Неима (49) е итно пренесена во болница, но засега не се знае тежината на повредите.

(фото: РАС Србија)

Никој од патниците на автобусот не е повреден, а сообраќајот засега е во прекин на тој дел од патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.