Седумнаесетгодишен ученик на Средното техничко училиште за графички технологии, дијзан и мултимедиа од Илиџа загина денеска по пад од прозорец на хотел во Прага, каде учениците престојувале на екскурзија.

(фото: blesk.cz)

Босанското Министерство за образование сопшти дека трагедијата се случила вчеравечер околу 20:30 часот на матурската екскурзија. Загинал ученикот А.М. кој бил трета година.

Останатите ученици се добро и под надзор на школскиот педагог. Ќе се вратат дома кога за тоа ќе има услови, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.