Млада Загрепчанка загина на планината Велебит, во Хрватска, кога врз неа паднала голема карпа.

Од големата карпа што се откинала од гребен на планината Велебит, алпинистката загинала на самото место, соопштуваат спасувачите.

Алпинистката се качувала на Велебит со уште една девојка, кога наеднаш се откинала карпа и паднала на несреќната девојка.

Повикот за помош бил примен во 14 часот, а десетмина спасувачи веднаш се упатиле на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.