Дете загина, а неговите родители се тешко повредени во несреќата што се случила вчера на улица во босанскиот град Бијељина, а го потресе регионот.

Како што пренесуваат босанските медиуми, автомобил покосил 14-годишно дете. Во моментот кога неговите родители притрчале да му помогнат, налетал уште еден автомобил, кој удрил во трочленото семејство. Сѐ се случило за само неколку минути.

Детето им подлегнало на повредите, а родителите се тешко повредени.

И двајцата возачи избегале од местото на несреќата, по што реонот бил ставен под полициска блокада.

Полицијата денеска го уапси вториот возач, за кого е утврдено дека возел под дејство на алкохол, додека сè уште се трага по првиот возач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.