Претпладнево во пристанишниот град Драч, кој беше едно од најпогодените подрачја од разорниот земјотрес што Албанија ја погоди утрото на 26 ноември, престојуваат премиерот во заминување Зоран Заев, српскиот и црногорскот претседател, Алекдандар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ и нивниот домаќин, премиерот Еди Рама.

Нивната посета на Драч е со цел одблиску да се запознаат со состојбата по земјотресот. Посебно се задржаа во комплексот каде има 185 станови а кои поради големите оштетувања се невселливи.

За безбедноста, според Ора њуз телевија, се грижат голем број полициски сили.

По Драч тие се враќаат во Тирана, каде во хотелот Рогнер во Тирана ќе го одржат третиот состанокот на иницијативата „Мини Шенген“ која има за цел интензивирање на регионална соработка и подобрување на животот на граѓаните. На состанокот најавено е присуство и на претставник на амерканскиот Стејт департмент.

Првиот состанок беше одржан во Нови Сад, вториот во Охрид, додека следниот најавено е дека ќе биде во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.