Премиерот Зоран Заев побара од Бугарија немешање во внатрешните работи, вклучително и малцинските права.

-Како што реков во современа Европа, ние се сметаме за исти такви, Бугарија е членка на ЕУ, се решаваат пред судот во Стразбур и нема што ние да се мешаме или тие да се мешаат кај нас за одредени вакви прашања или слично. Наша цел е да водиме грижа овде како што водиме за сите етнички заедници, за сите малцинства коишто ги имаме во државата, вклучително и бугарското малцинство тоа го правиме и дефинитивно многу работи се унапредени, рече премиерот Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.