Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека без ковид потврди нема да може да се присуствува на најавените фестивали во целата држава, пренесува РТЦГ.

Институтот ги потсети организаторите дека пристапот на фестивалите е дозволен само со исполнување на еден од четирити услови од националната ковид потврда, а тоа се доказот дека лицето во целост или барем еднаш е вакцинирано, негативен тест против коронавирус кој не е постар од 72 часа, ПСР тест или негативен брз тест кој не е постар од 48 часа.

Во исто време, за да спречиме ширење на дезинформации, Институтот за јавно здравје на Црна Гора, како и министерството за здравје, никогаш на никој од организаторите на ваквите манифестации не им понудиле услуги за тестирање со брзи тестови за антитела, соопштија од Институтот, пренесува РТЦГ.

Уште еднаш ги повикуваме организаторите на сите музички фестивали да ги почитуваат прописите и правилата под кои треба да работат, велат од Институтот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.