Бугарија го забрани влегувањето и излегувањето од Софија, почнувајќи од 17 април и ќе трае за време на Велигден во обид да ги зајакне мерките за запирање на ширењето на коронавирусот.
Забраната, како што наведуваат властите, била неопходна заради „масовно заминување“ на Бугарите од главниот град пред четиридневниот празничен викенд.

Генералот Венцислав Мутафчииски, началник на Бугарскиот Национален штаб за операции, рече дека заминувањата биле многу загрижувачки бидејќи Софија е центарот на избувнувањето во земјата и движењето ќе доведе до влошување на ширењето на коронавирусот.

Мутафчииски не ја исклучи можноста и за построги мерки за справување со лошата дисциплина на некои Бугари. Бројот на инфекции со коронавирус во Бугарија се искачи на 800, а бројот на смртни случаи е 38.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.