Грција од 15. јуни најави отворање на границите за туристите од 19 земји, меѓу кои е и нашата држава. Сите туристи кои ќе влегуваат, нема да мораат да се тестираат.

Сега српскиот „Блиц“ пренесува дека Грците ќе бараат во секој автомобил кој ќе влегува кај нашиот јужен сосед, да има само двајца патници (возач и патник).

Исклучок од оваа мерка би биле родителите на малолетни деца, односно во тој случај децата може да патуваат со нив во истиот автомобил. Но доколку нивните деца имаат над 18 години, тогаш ќе мора да патуваат со посебен автомобил.

Доколку автомобилот поседува седум седишта, тогаш во него ќе може да се возат три лица, а со девет седишта возачот и уште тројца патници.

Ова како најава го потврдил директорот на националните туристички агенции во Србија, а правила кои ќе важат за сите кои ќе влегуваат во Грција, па и за нашите државјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.