Мерката за задолжителни ковид-пропусници во Словенија денеска е малку олеснета, бидејќи ова барање е укинато за оние што работат од дома, како и за оние кои дополнуваат гориво се додека не влегуваат во внатрешноста на бензинските пумпи.

Тоа е одлука што произлегува од декретот донесен доцна синоќа, што следеше по острите критики за задолжителните ковид-пропусници за оние кои работат од дома, особено за самовработените, пренесува словенечката агенција СТА.

Оваа мерка останува во сила за огромното мнозинство услуги.

Словенечката влада, исто така, одлучи спортските активности во затворен и отворен простор да се изведуваат без маски и дистанцирање, се додека учесниците имаат валидна ковид -пропусница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.