Ивана Рошуљ(23) од Стајичево кај Зрењанин почина на 4 јануари во својата куќа, кога ја удри струја од бојлерот додека се туширала.

Таа тој ден околу 18 часот влегла да се истушира, но дошло до краток спој и Ивана починала, и покрај напорите на семејството и лекарите да ја анимираат.

Мојата ќерка отиде во купатило, но не го исклучила бојлерот. Додека била во туш кабината, струјата од бојлерот пробила низ тушот, па удрила во водата и кабината кај што била Ивана. Од ударот паднала од кабината на лавабото. Мојата сопруга и јас слушнавме дека нешто се крши, но не знаевме што се случува. Сопругата влезе внатре и ја најде ќерката на под – рекол Ивица Рошуљ, таткото на Ивана.

Тој раскажал дека срцето на Ивана работело, па веднаш повикале Брза помош и се обиделе да и помогнат.

Лекарите од Брза помош два часа и го масираа срцето, и дадоа адреналин, но на нашето девојче му немаше спас – рекол таткото на Ивана.

Ивица рекол дека неговата ќерка работела во фабрика во Зрењанин, но на 8 јануари требало да помине во фирмата каде што работела мајка и.

Ивана сакаше да биде полицаец. Баш за тоа зборуваваме и планираше да се пријави на конкурс во март. Веќе поднесе барање за местото на полицајка, бидејќи тоа и беше голема желба – рекол тој.

Таткото на настраданата девојка едвај прозборел дека на 10 јануари Ивана требала да наполни 24 години.

Не знам што да кажам. Ова треба да се преживее – рекол татко и.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.