Албанија е една од земјите со најголема емиграција на населението во Европа. Главната причина за нивното заминување е наоѓањето подобра работа и подобри плати, а со тоа и подобри услови за живеење и подобра иднина.

Албанските граѓани и понатаму со висока стапка емигрираат во западноевропските земји, но, ова по се изгледа не важи само за Албанците што живеат во земјата, туку и за албанските емигранти во Грција.

Еда Геми, експерт за емиграција, гостувајќи во емисијата „Опинион“ на тиранската телевизија Клан изјави дека од 2011 до 2018 година околу 200.000 албански емигранти добиле грчко државјанство.

Според неа, грчкото државјанство овозможува албанските емигранти полесно да се движат во други земји на ЕУ, што условува децата на емигрантите да заминуваат во други земји.

Имаме уште еден друг дел на емигранти, од првата и втората генерација, кои добиле државјанство и во моментов се наоѓаат главно во Лондон и Брисел. Од 2011 до 2018 година, околу 200.000 Албанци добија грчко државјанство, со што им е олеснето движењето во земјите на ЕУ. Се проценува дека 35.000 албански емигранти, од втората генерација во Грција, моментно живеат главно во Лондон и Брисел -тврди Геми.

Посочува дека постои и друга категорија на албански емигранти во Грција, кои добиле петгодишна дозвола за престој што им овозможува да се движат и да работат во земјите на ЕУ пет години.
Најпосакувани земји од втората и третата генерација на албанските емигранти со кои ја заменуваат Грција се Германија, Шведска, Норвешка и Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.