Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.382 нови случаи на Ковид-19, а починаа 102 лица, со што бројот на заразени се зголеми на 118.045, а на починати на 3.194 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од новите случаи 303 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 283 во Солун, а останатите во 48 други делови на Грција.

Намален е бројот на пациенти кои се лекуваат приклучени на апарати, денеска се 579, наспроти 600 колку што беа вчера

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.