Во последните 24 часа се регистрирани 4.571 нови случаи на заразени со вирусот САРС-КоВ-2 во Хрватска, а бројот на активни случаи е 20.645, информира Националниот штаб за цивилна заштита. Повеќе нови инфекции имало само на 10 декември, кога биле пријавени 4.620 случаи.

Во моментов 1.207 пациенти се во болница, од кои 153 се на респиратор.

Починаа 26 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, до денес се регистрирани вкупно 453.936 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 9.116 починале.

Што се однесува до најголемиот број заразени тие се од средовечната работна популација. Но загрижувачки е што 20 отсто од позитивните се ученици.

До вчера вакцинацијата е завршена за 1.781.470 лица, што претставува 52,70% од возрасната популација.

Пред седум дена беше забележан нагол скок на бројот на новозаразени, а тогаш имаше 3.162 позитивни. Пред 14 дена беше за 2.400 помалку од денешните бројки, што е 100 отсто разлика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.