Во изминатите 24 часа во Хрватска не е регистриран ниту еден нов случај на заразен со коронавирус, што е првпат од 9 март во земјата да нема нови болни од Ковид-19.

Хрватска досега има тестирано 60.864 луѓе за присуство на коронавирусот, од кои 953 во изминатите 24 часа. Вкупниот број на заразени изнесува 2.243. Има 121 активен случај, а досега оздравеле 2.023 пациенти.

На респираторна поддршка во моментот има шест пациенти, а вкупиот број на починати како последица од Ковид-19 изнесува 99.

Следната недела ќе бидат соопштени препораките за одржување венчавки, концерти и фестивали. Предвидено е од 27 мај да може во затворени објекти да има 100 посетители, а во отворени до 300, но сѐ зависи од епидемиолошката ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.