Во Босна и Херцеговина во последното деноноќие се потврдени 283 нови случаи на заразени со корона вирусот. Во истиот период починале 11 пациенти.

Од почетокот на пандемијата излечени се 7.991 пациенти, а во изминатите 24 часа оздравеле 201 пациент. Во моментов има 3.008 активни случаи.

До денеска, вкупниот број на починати во Федерацијата на БиХ е 312.

Во република Српска тестирани биле  434 примероци, а Ковид-19 потврден е кај 73 лица. Починале четворица пациенти.

Во Дистриктот Брчко нема нови регистрирани случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.