Потпишан е меморандум за соработка меѓу двете компании кои ќе со реализираат проектот „Durrës Yachts & Marina“, инвестиција вредна 2 милијарди долари.

Документот го потпишаа „Eagle Hills Real Estate Development“ застапуван од инвеститорот Мухамед Ел Алабар и „Albanian Seaports Development Company“, претставуван од Ерлис Херени.

Ќе создадеме нешто толку посебно што кога луѓето ќе дојдат, никогаш нема да сакаат да заминат од Драч и од Албанија, вети инвеститорот Мухамед Ел Алабар.

Премиерот Рама рече дека марината во Драч ќе го отвори патот за целото албанско крајбрежје, а не само за Драч и оти со реализација на проектот „Драч ќе биде близнак на Дубаи“.

Додаде дека со овој историски договор за изградба на најголемото медитеранско туристичко пристаниште, постигнат по тригодишни разговори, албанската држава ќе биде акционер.

Договорот ќе биде најдобриот одговор за сите оние кои шпекулираа и не оставија ништо недокажано за овој проект, кој е еден од проектите што засекогаш ќе го сменат не Драч туку Албанија. Господинот Алабар рече, тука ќе има 12 илјади нови работни места, квалитетни работни места. Не станува збор за тоа дека над 1000 јахти доаѓаат и носат потрошувачи во Драч, што енормно ќе го подигне нивото на потрошувачка, туку тоа е она што ни треба, за нашиот туризам да оди на друго ниво, рече Рама.

Тој упати посебна благодарност претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мухамед Бин Зајед, кој дал директна поддршка за постигнување на договорот.

Вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку рече дека ова е „најголема досега инвестиција не само во Албанија, туку и во регионот“.

Станува збор за 2 милијарди долари инвестиција, што всушност е значајна бројка и никогаш не сме имале таква цифра на инвестиции, ниту во Албанија, ниту во регионот. Она што ќе го донесе оваа инвестиција за растот на економијата, директно или индиректно, ќе биде уште поголемо, рече таа.

Документот ќе биде доставен до парламентот кој треба да го изгласа со просто мнозинство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.