Двајца малолетници, 15-годишниот Е.Џ. кој е роднина на убиените и 16-годишниот Т.С. од Шуматац, на ѕверски начин убиле двајца немоќни старци, а дел од украдените работи ги сокриле во една недовршена куќа. Убијците ги убиле старците за 10 евра, малку накит, лаптоп и ТВ и неколку часа се возеле во нивниот автомобил. Таа куќа била во сопственост на полицаец од Велика Кладуша кој ги открил украдените работи и за тоа ги известил колегите. Токму тоа бил одлучувачки детаљ во решавање на овој случај.

Најпрво верувале дека Фатима и Салко Џогиќ се убиени во саботата, меѓутоа истрагата утврдила дека тие се убиени ноќта во четвртокот кон петокот. Прво сомнение се појавило откако сестрата на убиената се јавила во полиција и рекла дека нејзината сестра не ѝ се јавила два дена.

Мештаните велат дека брачниот пар е убиен со дршка од лопата, а и дека се избодени со шрафцигер. Според информациите мажот е пронајден целосно гол, а телото на жената е пронајдено во ходникот под скалите.

Едно од двете момчињата е уапсено во патики на кои останале траги од крвта на жрвите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.