Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин изјави дека е направена процена на ситуацијата на Косово и Метохија и дека за сѐ е информиран и српскиот претседател Александар Вучиќ.

До доцна синоќа имавме средби со претседателот на Србија и врховен командант на српската војска Александар Вучиќ. Тој е информиран за секој детаљ за сѐ она што се случува на просторот на Косово и Метохија, не само од претставниците на српската војска, туку од сите безбедносни служби, кажа Вулин.

Тој додаде дека српскиот претседател е многу загрижен и заинтересиран за сѐ што се случува на просторот на Косово и дека сите одлуки ќе ги донесе врз основа на директните информации за сѐ што се случува на тој простор.

Ние како војска сме подготвени да ја извршиме секоја наредба на нашиот врховен командант, тоа е нашата задача. Каква наредба ќе добиеме зависи од Вучиќ, кажа српскиот министер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.