Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин рече дека колку побрзо прифатат дека земјата не ја сака од Европската унија и дека нема место таму, толку подобро ќе им биде, додавајќи дека односот со ЕУ „не е прашање на емоции, туку на рационални одлуки“.

Прашањето не е дали сакаме да влеземе во ЕУ, туку дали ЕУ ја сака Србија. Судејќи по налудничавите уцени на кои не изложуваат да го признаеме Косово, да ја укинеме Република Српска и да воведеме санкции кон Русија, тие не нѐ сакаат – изјави Вулин за „Вечерње новости“.

Тој изјави дека „ЕУ како сојуз е минато“ бидејќи со губењето на политичката независност, земјите од ЕУ „станаа територии, а не држави“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.