Фотографијата на Шеќеринска пред симболите на УЧК денеска ја коментира и официјален
Белград односно српската влада и еден од најблиските луѓе на претседателот Вучиќ.

Според државната телевизија на Србија РТС министерот за одбрана Александар Вулин
смета ова е недозволиво.

Позирање пред симболи на терористи кои се неспорно криви за убиства на
стотина цивили, жена и децa и зборување дека така се служи на граѓаните не е ништо
помалку лицемерно отколку да се сликате под знамето на Исламската држава и да
говорите за верска толеранција.”

Вулин во пораката до македонската колешка прашува зошто Шекеринска не се слика
пред кукаст крст односно нацистичкиот симбол Свастика или знамето на усташката
држава НДХ и не каже дека тоа е ретро моден правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.